Утрински Весник
Свет

Го фатиле пијан зад волан, ама не е казнет – бегал и од жената и од љубовницата

Го фатиле пијан зад волан, ама не е казнет – бегал и од жената и од љубовницата

Во САД возењето под дејство на алкохол не е нужно нелегално, пресуди судот во Калифорнија на судењето на маж кој се обидел да им побегне на две гневни жени.

dobivaj vesti na viber

Томас Патрик Хјустон (60) ѝ објаснил на поротата дека скокнал во својот автомобил за да избега од сопствената сопруга која го пронашла во прегратките на неговата љубовница, која подеднакво се налутила кога сфатила дека е изневерена.

Точно е дека 60-годишникот бил под дејство на алкохол, но бегството му било единствениот излез за да го заштити физичкиот интегритет, објасни тој на судењето, а спасувањето на кожата е дозволено со закон.

Поротата во градот Укија, во винарскиот регион на Калифорнија, по расправата, одлучи дека Хјустон не е виновен за возење под дејство на алкохол.

„Сведочењето покажа дека Хјустон бил изненаден од сопругата која го нашла во прегратките на друга жена и затоа морал да бега од две гневни жени“, објаснуваат од обвинителството.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп