Утрински Весник
Спорт

Нејмар ги „тероризирал“ соседите со деноноќни забави, па интервенирала и полицијата

Нејмар ги „тероризирал“ соседите со деноноќни забави, па интервенирала и полицијата

Бразилската суперѕвезда Нејмар не играше на последните два првенствени натпревари на ПСЖ и пропушти шест натпревари за францускиот шампион оваа сезона. Тој деновиве се најде во фокусот на француските медиуми поради неговото лошо однесување, кое се однесува на животот надвор од фудбалскиот терен.

dobivaj vesti na viber

„Ле Паризиен“ пишува дека 31-годишниот Бразилец постојано прави забави во својата вила и ни најмалку не се грижи за редот и мирот во соседството. Француските медиуми пишуваат дека неговите соседи биле толку вознемирени што минатата недела дури повикале полиција. Тоа беше ден по натпреварот против Монпелје на кој Нејмар не играше.

Нејмар живее во богат кварт во Бугивал, предградие на Париз сместено на западниот влез на градот. Последната забава била роденденска и започнала во три попладне, а завршила после полноќ, пишува „Ле Паризиен“ кој ги пренесува впечатоците на бесните соседи.

Соседите на Нејмар направиле посебна група на Фејсбук само за да предупредуваат за забави и собири во куќата на бразилскиот фудбалер и да договорат заеднички акции насочени кон полицијата.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност