Утрински Весник
Македонија

Најстудено утрово во Берово -13, на Попова Шапка 50 сантиметри снег

Најстудено утрово во Берово -13, на Попова Шапка 50 сантиметри снег

Утринава се измерени -13 степени Целзиусови во Берово, -10 во Маврови Анови, во Крива Паланка и во Битола, -9 во Скопје-Петровец, во Штип и во Демир Капија, -8 во Тетово, Прилеп, Струмица, -7 во Крушево, Виница, -6 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, -5 во Гевгелија, Куманово и -2 во Дојран.

dobivaj vesti na viber

На Попова Шапка има 50 сантиметри снег, 18 сантиметри се измерени во Маврови Анови, а 3 во Крушево.

Во текот на ноќта времето беше ведро и студено, на места со слаб ветер од северен правец. Утрово е сончево со слаб ветер претежно од северен правец.

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Можете да прочитате

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година