Утрински Весник
Спорт

Новак Ѓоковиќ поднел барање за влез во САД

Новак Ѓоковиќ поднел барање за влез во САД

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поднел документација и побарал специјална дозвола за влез во САД.

dobivaj vesti na viber

Оваа информација во интервју за Танјуг ја откри неговиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ.

„Тоа е нешто што за жал не е во наши раце, Новак мора да добие посебна дозвола, со оглед на тоа што САД сè уште не дозволуваат влез на невакцинирани луѓе, што е едноставно неверојатно бидејќи целиот свет е отворен, а на спортските настани ширум светот учествуваат вакцинирани и невакцинирани спортисти“, рече Ѓоковиќ.

„Новак ја доставил сета потребна документација, апликација, а директорите на турнирите во Индијан Велс и Мајами јавно го кажаа ставот дека им е потребен на тие турнири и дека сакаат да дојде“, додаде тој.

„Сега ни останува само да се надеваме на позитивен исход“, изјави Ѓоре Ѓоковиќ.

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам