Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Ото Граф.
На средбата стана збор за актуелната политичка и економска состојба на државата и европските процеси на државата.
Од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека постојаното негирање од страна на Бугарија влијае на билатералните односи помеѓу соседните држави додавајќи дека стратешки интерес и приоритет на партијата е што побрзо почнување и зачленување на државата во Европската Унија, но без уцени под бугарски диктат.
Мицкоски рече дека Владата на СДСМ и ДУИ целосно потфрли во делот на македонската економија, а како резултат на тоа се сè поголемата сиромаштија и нискиот стандард на граѓаните нагласувајќи дека се потребни промени и одржување предвремени парламентарни избори.
Мицкоски истакна дека земјата не се справува со криминалот и корупцијата кои доаѓаат токму од високите владини функционери за кои веќе има неколку судски процеси но нема правна разрешница.
Мицкоски се заблагодари за поддршката од страна на Сојузна Република Германија и порача дека за доброто на државата и граѓаните добро е средбите и соработката помеѓу двете држави да се интензивираат и унапредуваат.