Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Инвестираме во еднакви услови за сите ученици, најголемото училиште во Аеродром станува целосно инклузивно

Муцунски: Инвестираме во еднакви услови за сите ученици, најголемото училиште во Аеродром станува целосно инклузивно

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ кое воедно е и најголемо училиште во Општина Аеродром и Македонија, станува целосно инклузивно и достапно за сите ученици. Со инвестиција од речиси 4 милиони денари од буџетот на општината и донација од општествено-одговорна компанија, училиштето ќе биде соодветно опремено за целосна инклузија на сите дечиња.

dobivaj vesti na viber

Откако во изминатиот период училиштето доби инклузивни тоалети, а беа поставени пристапни рампи, знаци и други пристапни елементи, со оваа инвестиција ќе биде изведена целосно нова сензорна соба, како и пристапен лифт за учениците со попреченост.

Оваа инвестиција, претставува уште еден важен чекор кон создавање на услови за соодветен развој и безгрижно детство на сите дечиња.

„Градењето инклузивна општина е обврска која ја поставивме пред нас. Оваа инвестиција во ООУ „Лазо Ангеловски“ е од големо значење за учениците со попреченост, но и важна за нас како општина затоа што правиме значаен чекор напред во обезбедувањето еднакви услови за сите ученици. Благодарност до општествено-одговорната компанија што даде свој придонес во инвестициите во проекти за дечињата, со кои се создаваат услови за соодветен развој и безгрижно детство“, истакна градоначалникот Тимчо Муцунски при денешната посета на училиштето.

Можете да прочитате

За првпат државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од скенирачите на сметки останаа без пари

Сообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен