Фудбалерот на Севиља и аргентински репрезентативец, Алехандро Папу Гомез изјави дека тој и неговите соиграчи ја прославиле победата на Хрватска над Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, бидејќи биле убедени дека после тоа ќе го освојат Светското првенство, пренесуваат шпанските медиуми.
Хрватска го елиминираше Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во декември минатата година по подоброто изведување пенали. На ист начин Аргентина во четвртфиналето ја победи Холандија. Аргентина потоа ја победи Хрватска со 3:0 во полуфиналето, а потоа во финалето беше подобра од Франција по подоброто изведување пенали.
„ Хрватска и Бразил четвртфиналето го играа пред нашит дуел со Холандија. Тој натпревар го следевме со голем интерес. Натпреварот меѓу Хрватска и Бразил отиде во продолженија, а ние веќе требаше да се загреваме пред нашиот натпревар. Сепак, останавме да ги гледаме пеналите“, изјави Гомез и продолжи:
„Пред почетокот на пенал серијата сите се согласивме дека ние ќе бидеме шампиони доколку Бразил испадне. Знаевме дека ќе ги победиме Хрватите и потоа ќе ја освоиме титулата. Кога Хрватска го елиминираше Бразил, ние славевме како да сме победиле“.
Гомез (34) е член на Севиља од 2021 година, а претходно играше за Аталанта, Металист, Катанија, Сан Лоренцо и Арсенал де Саранди.