Утрински Весник
Свет

Хрватските спасувачи во Хатаја: Овде владее хаос, нема струја и сигнал

Хрватските спасувачи во Хатаја: Овде владее хаос, нема струја и сигнал

Екипите за пребарување на Државната интервентна единица за цивилна заштита во Турција пронајдоа две тела во урнатините на урбаниот дел на Хатај, недалеку од сириската граница.

dobivaj vesti na viber

За жал, и во двата случаи станува збор за починати лица, во едниот починало дете, а во другиот повозрасно лице, ова за Јутарњи лист од лице место го потврди Младен Винковиќ, тим раководител на Единицата за интервенции на државната цивилна заштита.

– По 54 часа возење од Јастребски до Хатај, нашите спасувачи веднаш се вклучија во активностите за пребарување и спасување, еден дел подготвуваше објекти за престој, другиот дел од тимот со кучиња вршеше акција за пребарување. На терен сме со украинскиот тим со кој имаме многу добра соработка. Тие се всушност наш координатор на локацијата, ни вели Младен Винковиќ и додава дека теренот што им е доделен го мапираат со дрон.

На прашањето колку е тешка состојбата во земјотресот, тој вели дека е тотален хаос.

– Автомобилите се преполни, четири колони автомобили во две ленти луѓе кои сакаат да си заминат. Се урива и буши, машини има на сите страни… Над сето тоа шетаат луѓе, а постои голема опасност од афтершокови. Луѓето живеат на улица, нема струја, нема телефонски сигнал. Луѓето ги запираат спасувачките екипи барајќи каква било помош. Сирените се слушаат насекаде. Многу е тешко, целосен хаос, забележува Винковиќ.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење