Мароканскиот тенисер Јунус Рашиди е доживотно суспендиран откако беше прогласен за виновен за 135 прекршоци за местење натпревари, соопшти денеска Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA).
Ова е и најголемиот број прекршоци поврзани со местење натпревари, кои досега се откриени во спортот.
Рашиди, чиј најдобар пласман беше ранкингот на 473. место во двојки, му е забрането да игра, тренира или да присуствува на кој било тениски настан организиран од АТП или од ВТА. Тој е казнет и парично со 34.000 долари.
Независниот антикорупционер Џени Сублер одлучи дека се докажани сите обвинувања против 36-годишниот Рашиди.
Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) соопшти дека Рашиди бил вклучен во местење натпревари со двајца алжирски играчи кои неодамна беа суспендирани по истрагата во Белгија.