Утрински Весник
Свет

Медведев: Русија ќе произведе и модернизира илјадници тенкови

Медведев: Русија ќе произведе и модернизира илјадници тенкови

Русија планира да произведе и модернизира илјадници тенкови, додека нејзиниот противник „кукавица“ моли за оружје од Запад, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

dobivaj vesti na viber

– Како што е познато, нашиот противник за време на престојот во странство молеше за авиони, ракети и тенкови. Како треба да одговориме? Разбирливо е дека во тој случај за нас е природно да го зголемиме производството на различни видови оружје и воена опрема, вклучително и модерни тенкови – рече Медведев при посетата на фабриката за возила во Омск.

За време на посетата на фабриката, Медведев, меѓу другото, ги разгледа модернизираните тенкови Т-80БВМ, како и системот ТОС-1А.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, зборуваше на седницата на Советот на Европа во четвртокот во Брисел и ги повика европските земји да испратат модерно оружје во Украина,пренесе Новости.рс.

Можете да прочитате

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“