Утрински Весник
Македонија

Левица: Негрижата на Владата носи човечки жртви – се гледаме во 14 часот пред Влада!

Левица: Негрижата на Владата носи човечки жртви – се гледаме во 14 часот пред Влада!

„Сведоци сме на долгогодишната негрижа од страна на министерството за здравство, кое со децении го деградира здравјето на нашите граѓани. Дисфункционални клиники, дефицит на лекарства, терапии и лекарски кадар, а секојдневно сведочиме и на лекарски грешки, мито и корупција во здравствениот систем, се лекуваме со донации од граѓани додека деструктивната влада на СДС, ДУИ и нивните послушници профитираат со енормни финансиски криминални добивки“ соопштуваат од Левица.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат „најранливите здравствени категории на пациенти се оставени на работ меѓу животот и смртта, а нашиот сограѓанин Благојче ја изгуби битката со цистична фиброза, кој десет години молеше за здравствена поддршка, што Претседателот Пендаровски и му ја вети, но нажалост тоа беше само еден ПР за собирање политички поени“.

„Недозволиво е во услови на достапен лек, пациенти да бидат жртва на немање политичка волја од власта да го зголеми буџетот – додека одбива да ги оданочи милионските профити на банките и троши буџетски средства за сопствени луксузирања! Претходно Левица реагираше до надлежните ресори сѐ со цел да се одвојат финансиски средства за болните од цистична фиброза, меѓутоа владата и неспособниот министер Сали остана и глув и нем на тие реакции – што за жал, заврши трагично за младиот Благојче. Левица го поддржува денешниот протест, закажан од 14 часот, и повикува на масовност пред Влада со цел да се спасат нови трагични случаи во иднина“ се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати