Утрински Весник
Свет

Кралот Чарлс без круна на новите поштенски марки

Кралот Чарлс без круна на новите поштенски марки

Британската кралска пошта денеска го објави дизајнот на новите поштенски марки на кои ќе биде ликот на кралот Чарлс Трети, но ќе го прикажуваат без круната или какви било други кралски обележја.

dobivaj vesti na viber

Според Би-Би-Си, дизајнот на новата марка го одобрил самиот крал.

„Информацијата што ја добивме од палатата беше дека кралот сакал се да изгледа едноставно“, изјави директорот на поштата, Дејвид Голд.

Дизајнот на новата марка е поминималистички во однос на претходните, а за разлика од претходните марки со монарси кои содржат круни, или дијадеми во случајот со кралици, новата нема да има никакви монархистички симболи.

Ќе наликува на профилот на кралицата Елизабета Втора создаден од уметникот Арнолд Мачин во 1967 година.

Кралот Чарлс станува седмиот монарх што се појавува на поштенски марки. Првата беше кралицата Викторија, чија слика се појави на поштенски марки во 1840 година.

Можете да прочитате

Трамп во јули направил повеќе од 1.000 берзански трансакции, вредни до 270 милиони долари

Гутереш: Нема алтернатива решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт

Средба Рубио – Лавров денеска во Њујорк, најави Стејт департментот