Утрински Весник
Спорт

Златан: Дали сум уште Бог? Секако!

Златан: Дали сум уште Бог? Секако!
Dik 300x250 mk

Златан Ибрахимовиќ е подготвен да му помогне на Милан и да ја продолжи кариерата и покрај тоа што има 41 година, порачувајќи дека уште е „бог“ на фудбалот. Швеѓанецот го очекува својот камбек на терените откако беше на операција на коленото во текот на летото и се враќа во тим кој е во криза.

dobivaj vesti na viber

„Уште сум бог, уште сум број 1 и сега кога ќе се вратам музиката ќе се смени. Имам толку желба, сакам да направам толку многу работи кои ги загубив овие седум-осум месеци. Џабе загубив време. Критики? Тоа е нормално, бидејќи ако не те критикуваат, тогаш не си на врвот. Мене ме критикуваат 25 години бидејќи сум број 1, така што сум навикнат. Тоа е како да додаваш гориво на оган и ќе се изгориш. Дали уште се чувствувам како Бог? Секако, ништо не е сменето“, вели Ибрахимовиќ во интервју за „Медијасет“.

Тој инсистира дека може да помогне на клубот.

„Тимот е во криза? Не сум загрижен, постојат такви моменти во една сезона. Сега треба да зборуваме малку и да се докажеме на теренот. Во овој период направив што можам да помогнам на тренерот, соиграчите и клубот однадвор. Бев трпелив и сега сум подготвен“, додава Ибрахимовиќ.

Можете да прочитате

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс

Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“