Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за евентуален влез на Алијанса во Влада: Ништо нема да се промени

Мицкоски за евентуален влез на Алијанса во Влада: Ништо нема да се промени
Img 5587

Политичката сцена во Македонија полека но сигурно СДСМ и ДУИ ја претвораат во естрада и на тој начин се губи сериозноста и се губи надежта кај граѓаните во Македонија дека може нешто да биде подобро, бидејќи гледаат како на отворена сцена политичарите се препелкаат за функција повеќе, за тендер повеќе, за некое материјално задоволство повеќе, без суштина и без некаква политика којашто би значела подобар живот за граѓаните во Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Петровец.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека со влегувањето на АА во владата не очекува да се промени ништо на подобро за народот, освен тоа што ќе има неколкумина побогати политичари кои ќе бидат носители на функции.

300x250 (7)

„Дали Алијанса ќе влезе или нема да влезе во Владата, тоа е претпоставувам одлука на раководството на Алијанса за Албанците и одлука на коалицијата СДСМ ДУИ и јас не би можел тука што да додадам. Само да кажам дека за десетина месеци колку што имаат пред нив овој состав, оваа влада, еве под услов и да нема предвремени парламентарни избори јас не очекувам нешто да се промени, напротив, работите ќе бидат сѐ полоши. Ќе имаме неколкумина побогати политичари кои ќе бидат носители на функции, сега од редот на Алијанса за Албанците, а народот буквално нема да добие ништо. Но, честопати во политиката треба да барате малку и филозофија и социологија. Јас би сакал малку ова што денеска се случува да го изедначам со една убава игра, а тоа е шахот. Во шахот не е суштината да дадете шах, туку во шахот суштината е да дадете мат. Набргу од денеска ќе бидеме сведоци на еден таков мат кој што ќе го добие оваа влада на ДУИ подржана од СДСМ и сега засилена со неколкумина политичари кои што гледаат како да бидат малку побогати во наредните десетина месеци“ – потенцираше Мицкоски.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години