Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, се запиша во историјата на НБА-лигата како најефикасен играч.
Триесет и осумгодишниот Американец постигна 36 поени на натпреварот со Оклахома одигран изутринава во Лос Анџелес. Леброн сега има 38.388 поени на своето конто. Тој го собори рекордот на Карим Абдул-Џабар од 38.387 поени во текот на неговата кариера.
Карим Абдул-Џабар ги постигна своите последни поени во регуларниот дел од сезоната во НБА на 24 април 1989 година, кога Леброн имаше само 4,5 години.
Леброн Џејмс ги постигна првите поени во НБА на 30 октомври 2003 година. Му требаа 19,5 години да го собори рекордот на Џабар.
Абдул-Џабар лично му оддаде почит на Џејмс со тоа што дојде на натпреварот во Лос Анџелес и присуствуваше на еден од најголемите настани во историјата на НБА.
Леброн Џејмс имаше просек од 27,1 поен на 1.367 натпревари за 19 години со Кливленд Кавалирс, Мајами Хит и Лејкерс.
Тој одамна стана единствениот играч со 30.000 поени, 10.000 скока и 10.000 асистенции, па ќе видиме дали ќе успее да стигне до уште поимпресивната статистика од 40.000 + 10.000 + 10.000.
Инаку, ЛА Лејкерс загубија од Оклахома со 133:130 и со биланс од 25 победи и 30 порази се на 13. место во Западната конференција.
38,388 POINTS
LeBron James hits the fadeaway jumper to become the NBA’s all-time leading scorer! #ScoringKing pic.twitter.com/P5LyTZAZn3
— NBA (@NBA) February 8, 2023