Утрински Весник
Македонија

Пендаровски-Липавски: ЕУ да го задржи фокусот кон регионот

Пендаровски-Липавски: ЕУ да го задржи фокусот кон регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Јан Липавски, министер за надворешни работи на Чешката Република, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, кои се пријателски, со интензивен политички дијалог на високо ниво.

Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, Пендаровски се заблагодари за постојаната чешка поддршка во однос на политиката на проширување и во тој контекст беа разменети мислења за текот на билатералниот скрининг со ЕУ.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во регионот на Западен Балкан, при што Пендаровски истакна дека стабилноста и безбедноста на регионот, како и неговиот демократски развој, се потпираат на европската перспектива и во таа насока посочи на потребата ЕУ да го задржи фокусот кон регионот.

Двајцата разговараа и за состојбата во Украина, партнерскиот одговор на НАТО сојузниците, како и активностите на македонското претседателство со ОБСЕ во тој контекст.

Можете да прочитате

Цветин му подари Виолински клуч на Карерас со порака „Музиката и уметноста ќе го спасат светот“

Пронајдени четири илјади метри рибарски мрежи и 117 килограми белвица во Охридското Езеро

Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати