Утрински Весник
Свет

Пратеникот што гледаше порно во српското собрание си поднесе оставка

Пратеникот што гледаше порно во српското собрание си поднесе оставка

Пратеникот од социјалистите Звонимир Стевиќ (66) поднесе оставка од пратеничката функција откако на социјалните мрежи се појави видео на кое гледа порно филм на седница за Косово во српскиот парламент.

dobivaj vesti na viber

„Пред половина час поднесов оставка од функцијата пратеник. Не можам повеќе да зборувам, јавете ми се пак за два часа“, кратко изјавил Стевиќ, според српските медиуми.

Стевиќ беше член на собраниската Комисија за Косово, како и заменик член на Комисијата за уставни прашања и законодавство и заменик член на Комисијата за административно-буџетски и мандатно-имунитетни прашања.

Воедно е и претседател на покраинскиот комитет на социјалистите за Косово со резиденција во Приштина.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking