Утрински Весник
Економија

Бочварски и Рустеми на увид на регионалниот пат Велес – Градско

Бочварски и Рустеми на увид на регионалниот пат Велес – Градско

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска изврши увид во градежните активности на рехабилитацијата на регионалниот пат Велес – Градско.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот пат Велес – Градско (стариот пат Велес – Градско) комплетно се рехабилитира во должина од 20 километри. Инвестицијата е во висина од 5,6 милиони евра, средства обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта, информираат од Министерството.

При увидот тие остварија средба и со претставници на изведувачот и надзорот, на која беа информирани за динамиката на градежните активности што се реализираат на терен.

„Овој регионален пат е дел од вкупната инвестициска активност во модернизација на патиштата во земјата. Денеска, со директорот Рустеми на самото место се уверивме во градежните активности. Иако се минусни температури, изведувачот работи со предвидената динамика за овој период од годината, се работи на расчистување на трасата, на тампонирање одредени делници и гребење на постојниот асфалт. Создадени се сите услови за привремен режим на сообраќај, со што сите граѓани од околните населени места може да го користат овој пат во согласност со поставената сигнализација. Нашите заложби за развој на централниот регион од државата ги потврдуваме и со изградба на експресниот од Градско кон Прилеп, а вложуваме и во реконструкција на локалните улици и патишта, со што даваме значаен придонес за подобрување на условите за граѓаните“, изјави Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека рехабилитацијата на овој регионален пат е во должина од 20 километри, патот се реконструира со променлива ширина на коловозот од 5,5 до 7,1 метри. Динамиката на работа оди според предвиденото темпо и се очекува да биде завршен оваа година.

Денешната посета на Општина Градско, Бочварски ја искористи да оствари средба со градоначалникот Киро Нацков, со кој ги потпишаа договорите за реконструкција на две улици во општината во вредност од речиси 12 милиони денари, со што продолжува поддршката на Министерството за транспорт и врски кон локалните самоуправи.

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија