Утрински Весник
Спорт

Кид најави дека Далас со Ирвинг ќе се бори за титулата

Кид најави дека Далас со Ирвинг ќе се бори за титулата

Тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид изјави дека тимот со доаѓањето на Кајри Ирвинг може да се бори за шампионскиот прстен во НБА лигата.

dobivaj vesti na viber

Бруклин претходно го потврди договорот со Далас според кој Ирвинг и Маркиф Морис ќе се преселат во Далас во замена за Доријан Фини-Смит, Спенсер Динвиди и неколку пикови од првата и втората рунда во 2027 и 2029 година.

„Сметаме дека талентот и способноста на Ирвинг ќе не направат подобри. Неговото доаѓање ќе ни помогне да се ставиме во позиција да ја освоиме титулата. Тој победуваше кога играше за други тимови“, рече Кид додавајќи дека Ирвинг во комбинација со Лука Дончиќ можа да прави разлика на теренот во секој натпревар.

Ирвинг на почетокот на минатата недела побара трејд, бидејќи не можеше да се договори со челниците на Бруклин за продолжување на соработката.

Кајри Ирвинг освои титула со Кливленд во 2016 година и е осумкратен Ол-стар. Во последните три и пол години во Бруклин имаше проблеми со повреди, суспензии и неиграње поради одбивањето да се вакцинира против коронавирусот.

Можете да прочитате

Ферстапен на пол-позицијата во Имола

Пикси објави изненадувачки спсок со кои Србија ќе игра на ЕП

Фоден избран за играч на сезоната во Премиер лигата