Утрински Весник
Спорт

„Никогаш нема да имате пари како мене, ќе треба да најдете работа“

„Никогаш нема да имате пари како мене, ќе треба да најдете работа“

Реал Мадрид во неделата, доживеа неочекуван пораз кај Мајорка (1-0) и направи голем чекор назад во обидот да ја одбрани титулата. Барселона по 20 рунди има осум бода повеќе од Реал.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот во Мајорка го обележа Винисиус Жуниор. Младиот Бразилец, во текот на целиот меч се расправаше со противничките фудбалери и навивачи. Очигледно дека подлегна на провокациите

Ниту Винисиус не остана должен на провокациите. Тој одговори на ист начин. Се скара со Пабло Мафео и Антонио Раиљо кои го „тепаа“ на теренот.

„Кога ќе завршите со фудбалот, ќе мора да најдете друга работа бидејќи никогаш нема да имате пари како мене“, наводно им рекол Бразилецот кој заработува преку десет милиони евра годишно, пренесува „Ел Чирингито“.

Можете да прочитате

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови

Македонските кадети на врвот: Злато на Светското училишно првенство во Скопје