Утрински Весник
Македонија

Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија

Европската комисија со предлог за нова помош до 100 милиони евра за Северна Македонија
Ss2

Европската комисија денеска предложи да се обезбедат до 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија. Помошта ќе придонесе и за покривање на финансиските потреби на државата во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја финансиската одржливост и структурните реформи.

dobivaj vesti na viber

Оваа помош е наменета и за успешно справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа, но и за успешно спроведување на политиките и реформите со кои ќе се забрза интеграцијата на земјата, преку Меморандумот за разбирање помеѓу Европската Унија и Северна Македонија, информираат од Владата.

Img 5587

„Ние стоиме покрај Северна Македонија во овие предизвикувачки времиња. Денеска предлагаме до 100 милиони евра макрофинансиска помош за поддршка на економијата на земјата, придонесувајќи за покривање на нејзините финансиски потреби во следните две години“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Комисијата.

Со цел успешно справување со економската и енергетска криза, Северна Македонија веќе доби помош од 80 милиони евра, кои се наменети за директна буџетска поддршка за оваа година.

Ss1

Можете да прочитате

Санела Шкријељ: Во центарот на реформската агенда за Планот за раст се луѓето, тие се најважни

Костадиновска-Стојчевска од Пустец: Идеалите на Делчев за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа

Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина на Македонија