Утрински Весник
Свет

(Видео) Масовна тепачка на жени во авион

(Видео) Масовна тепачка на жени во авион
Dik 300x250 mk

Масовна тепачка во која учествувале дури 15 жени, наводно, избила во четвртокот на летот на Гол ерлајнс од Ел Салвадор до Сао Паоло, Бразил.

dobivaj vesti na viber

Жените си удирале шлаканици и врескале, додека патниците зачудено го гледале хаосот, а членовите на екипажот се обидувале да ја прекинат тепачката и да ја смират ситуацијата.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се види како жените се удираат една со друга и си ја влечат косата додека екипажот се обидува да ги раздвои.

Масовната тепачка кулминираше кога една жена остана без кошула и со раце ги покри голите гради.

Како причина за расправијата е наведена расправијата меѓу мајка и сопатничка која не сакала да го смени седиштето, за да може да седи со своето дете кое има посебни потреби.

Наводно, вознемирената мајка прва почнала да ја удира сопатничката. Расправијата набрзо прераснала во масовна тепачка меѓу две групи жени, наводно од две семејства кои патувале во авионот.

Инаку, тепачката избила додека патниците чекале да полетаат од аеродромот Баија во истоимената сојузна држава.

На крајот, стјуардесите сепак успеале да иги извадат од авионот кој полетал со речиси два часа задоцнување.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците