Утрински Весник
Спорт

Кан му се закани на Нојер: Ќе имаме сериозен разговор

Кан му се закани на Нојер: Ќе имаме сериозен разговор

Мануел Нојер си направи проблем кога по елиминацијата на Германија на Светското првенство во Катар, на скијање ја скрши ногата. Се чини дека Нојер има многу слободно време за време на неговото опоравување, а неговото интервју за „Атлетик“, предизвика жестока реакција од Оливер Кан.

dobivaj vesti na viber

Нојер во споменатото интервју реагираше на тоа што Баерн на крајот на јануари му врачи отказ на долгогодишниот тренер на голманите Тони Топаловиќ. Ноер инаку е кум на синот на Топаловиќ кој во Баерн работи со голманите од 2011 година.

„Тоа беше голем удар за мене. Од клубот бев информиран за неговиот отказ. Тоа се случи сосема неочекувано. И тоа беше големо изненадување за Тони. Не разбирам зошто тоа се случи. Тоа е можеби најбруталната работа што сум ја доживеал во кариерата, како некој да ми го откорнал срцето“, изјави Нојер.

На ова интервју веднаш одовори челникот на Баерн, Оливер Кан.

„Она што го кажа Нојер за заминувањето на Топаловиќ не треба да го прави како капитен и не ги одразува вредностите на клубот. Покрај тоа, сето тоа доаѓа во погрешно време, ни претстојат серија многу важни натпревари“, изјави Кан, но не застана тука:

„Нојер беше лично погоден, знаевме дека нема добро да ја прими веста. Слична ситуација имав во 2004 година во репрезентацијата кога Сеп Мајер почувствува дека федерацијата го изневери и поднесе оставка. Бев лут и разочаран, но знаев дека приоритет е заедничката цел на тимот. Тоа ми беше поважно од моите чувства. Затоа молчев, јавно не се огласив. Мануел го прави токму спротивното. Ќе имаме многу сериозен разговор за ова“, заклучи Кан.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност