Партизан, првпат во историјата на српскиот клуб, успеа да стигне до победа на гости кај Жалгирис во Литванија, триумфирајќи со 88:74 и така доближувајќи се до позиција која води во плејофот.
Тимот на Жељко Обрадовиќ сега има 12-11 скор, и им го нанесе само третиот домашен пораз на Жалгирис, по тие од Панатинаикос и Ефес. Партизан имаше фантастична прва четвртина, предводени од Јанис Папапетру и Кевин Пантер, враќајќи се од 15 поени негатива. Партизан имаше и 22 поени предност во мечот, за на крајот да се задоволи со импресивна победа. Папапетру заврши со 17 поени, по 14 имаа Матијас Лесор и Кевин Пантер, додека за Жалгирис, Игнас Браздеикис беше најефикасен со 17 поени.
Реал Мадрид, пак предводени од фантастичниот Марио Хезоња стигнаа до тешко извојувана 95:91 победа кај Монако на гости. Во преполната „Гастон Медесин“ сала, Хезоња блесна со 30 поени со шест тројки, од кои последната беше за водство од пет поени на 1.55 пред крајот. Тој додаде и 6 скока и имаше и 6 асистенции.
За Монако, Мајк Џејмс имаше 23 поени, а единствен пат ја загуби топката на 29.8 секунди пред крајот, што скапо го чинеше домашниот тим. Реал сега има 16-7 скор.
ЕВРОЛИГА, 23.КОЛО
Фенербахче – Алба Берлин 101:86 (31:27, 26:20, 24:14, 20:25)
Монако – Реал Мадрид 91:95 (20:24, 26:26, 25:20, 20:25)
Жалгирис – Партизан 74:88 (15:26, 15:21, 24:14, 20:27)