Утрински Весник
Македонија

На 6ти февруари ќе започнат преговорите за инфраструктурниот Коридор 8

На 6ти февруари ќе започнат преговорите за инфраструктурниот Коридор 8

Владата на Република Северна Македонија денеска ги одржа 124-та и 125-та седница, при што се донесени неколку заклучоци.

dobivaj vesti na viber

Владата, на предлог на Комитетот за преговори за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, го задолжи преговачкиот тим за сите детали и услови на Договорот за градење за проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и за Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, да ги започне преговорите со стратешкот партнер на 6-ти февруари 2023 година. За исходот од преговорите е заклучено преговачкиот тим да состави Извештај, што ќе го достави на разгледување и одобрување до Комитетот за преговори, во рок од 21 ден од денот на завршување на преговорите.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од поднесување на ВБИФ апликација, за инвестициски грант, за изградбата на Експресен пат А2, делница Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал), како дел од Коридор 8. Изградбата на експресниот пат А2, делница Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал) се имплементра со заем од Светска банка, односно со „Проектот за надградба и развој на патиштата“.

Владата донесе и одлука за распоредување на приходите од игри на среќа и од забавните игри во 2023 година, за финансирање на програмските активности на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејно насилство и Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Со оваа одлука се распоредуваат средства во износ од 69.000.000,00 денари од приходите од игри на среќа и забавни игри за 2023 година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, за: финансирање на програмските активности на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија; финансирање на програмските активности на Национален сојуз на слепите на Република Северна Македонија; финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија; за финансирање на програмските активности на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија; финансирање на програмските активности на Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака, во износ од 9.710.000,00 денари; финансирање на програмските активности на Националниот Сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија; финансирање на програмските активности на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија – Македонски параолимписки комитет; финансирање на програмските активности на Националниот Сојуз на инвалиди на трудот на Република Северна Македонија,

За финансирање на програмските активности на здруженија за борба против семејното насилство е определен износ од 4.000.000,00 денари, за: Здружение Кризен центар Надеж; Организација на жени на Град Скопје; Национален совет за родова рамноправност.

За финансирање на Годишната програма на Црвениот Крст на Република Северна Македонија е предвиден износ од 8.000.000,00 денари, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности кои не се покриени од страна на донатори во висина од 6.000.000,00 денари и средства во висина од 2.000.000,00 денари за реализација на Проект за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст 2023 година.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме