Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите, првин кажаа дека странски агентури шират антимакедонска пропаганда

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Пендаровски да не ги кријат и јавно да кажат кои странски агентури влијаат на односите со Бугарија

Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите, првин кажаа дека странски агентури шират антимакедонска пропаганда, сега ги кријат, тие работат за агентурни мрежи, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ Недозволиво е Пендаровски и Ковачевски да молчат, откако самиот Пендаровски по Советот за безбедност, дека странски агентури негативно влијаат на односите со Бугарија, ширејќи говор на омраза и негација за македонската нација, јазик и историја. Кои странски агентури работат на штета на Македонија и шират говор на омраза, Пендаровски да излезе и јасно да ги каже, спротивно ги девлавира институциите, и оддава впечаток дека зборува без аргументи или дека и самиот работи за странски агентури.

Пендаровски и Ковачевски не прават ништо за адекватно да реагираат на провокациите кон Македонија. Власта првин зборува едно, а потоа прави сосема друго, свесно наштетувајќи и на државата.

Власта крие и од каде се финансираат бугарските здруженија, кои креираат говор на омраза и ја негираат Македонија. Финансиските институции под владата требаше до сега да го истражат потеклото на парите, и да ги информираат граѓаните, но и да преземат адекватна реакција. Власта не прави ништо за да ја гарантира стабилноста и угледот на државата“ се вели во партиското соопштение.

Можете да прочитате

(Видео) Траорно сведоштво на мајка на повредено момче од Кочани: Морав да напуштам работа, од државата немаме никаква помош

Синот на Мицкоски матурираше, премиерот му порача дека од октовмри го чекал на Машински

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра