Утрински Весник
Македонија

Утврдени низа неправилности со управувањето со отпад во Кичево

Утврдени низа неправилности со управувањето со отпад во Кичево

Министерството за внатрешни работи заедно со Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Царинската управа извршија заеднички координирани контроли во повеќе отпади на подрачјето на Кичево.

dobivaj vesti na viber

Притоа, во отпад за половни возила во Кичево, сопственост на Д.А. од Кичево, од страна на Државен пазарен инспекторат е констатирана неправилност за обавување нерегистрирана дејност, издаден е платен налог и изречена е забрана за обавување дејност од 30 дена, од Царинска управа е издадена наредба за непостапување за неколку возила со странско потекло за кои ќе следи и понатамошна постапка, а од Државниот инспекторат за животна средина е констатирана неправилност во врска со обавување дејност без дозвола за работа за што ќе следи соодветен поднесок и понатамошна постапка за третирање на отпадот.

Во отпад, сопственост С.М. од с.Грешница, на магистрален пат кај с.Зајас, од страна на Државен пазарен инспекторат констатирана е неправилност за обавување нерегистрирана дејност во соодветен регистар и за небаждарена вага, за што е издаден платен налог, додека при контрола на деловен субјект, сопственост на Х.П. од Кичево во индустриска зона Кичево, од страна на Државниот пазарен инспекторат се констатирани неправилности во врска со неистакната фирма и небаждарена вага, за кои ќе биде изречена глоба, додека од Државниот инспекторат за животна средина е констатирано дека субјектот нема дозвола за обавување на дејност и друга законски неопходна документација, поради што ќе биде изречена глоба. Од страната на Управата за јавни приходи е утврдено дека деловниот субјект нема фискален апарат, поради што ќе биде изречена казна и забрана за работа од 30 дена.

Заедничките контроли на полицијата и инспекторатите ќе продолжат и во наредниот период на сите подрачја во државата, велат од МВР.

Можете да прочитате

Национален ден на Власите, 23 мај – јубилеј, 120 години од признавањето на Власите како посeбен народ

Претпладне сонце, попладне локален пороен дожд

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо