Утрински Весник
Македонија

Петиција за одземање на бугарско државјанство на Македонци, основачот: Имаме проблем што не ја признавате историјата

Петиција за одземање на бугарско државјанство на Македонци, основачот: Имаме проблем што не ја признавате историјата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Онлајн-петиција за одземање на бугарското државјанство на Македонци што шират омраза за Македонија е креирана на социјалната мрежа „Фејсбук“, а од страницата „Бугари од Македонија“.

dobivaj vesti na viber

Основач е Димче Јамандиев, бугарски државјанин.

„Макфакс“ стапи во контакт со него, а тој вели дека се решил на ваков чекор бидејќи Бугарија има проблем со тоа што не се прикажува вистинската историја призната во целиот свет.

„Треба да се смират страстите од двете страни,и некои работи ќе си дојдат сами на себе, а вистината за историјата ќе се покаже порано или подоцна. Иднината е во ЕУ. Срамота е во 21 век да зборуваме за омраза спрема личности само оти се чувствуваат поразлично. Немаме проблем со тоа што сте Македонци, имаме проблем што не ја признавате вистинската историја призната во целиот свет. И така се создава омраза према Бугарите и Бугарија“, вели Јамандиев за „Макфакс“.

Петицијата досега е поддржана од повеќе од 190 лица. Здружението од страницата ги повикува сите владини и невладини организации да се приклучат на иницијативата.

Маја Терзиова

Можете да прочитате

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Лишено од слобода лице кое поседувало пиротехнички средства во Неготина

Две сложени микрохируршки операции беа извршени на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија