Утрински Весник
Спорт

Урнебесна реакција на Јокиќ на веста дека има трипл-дабл просек

Урнебесна реакција на Јокиќ на веста дека има трипл-дабл просек

Никола Јокиќ ги воодушеви сите со својата реакција на информацијата дека има трипл-дабл просек во тековната НБА сезона.

dobivaj vesti na viber

Јокиќ во просек постигнува 25,1 поен со 11,1 скока и 10 асистенции по натпревар, па повторно е главен кандидат за МВП на сезоната.

Сепак, индивидуалната статистика никогаш не била приоритет за српскиот кошаркар, што најдобро ја потврдува неговата реакција кога новинар го известил дека во просек постигнува трипл-дабл.

„Уууууу“, одговори Јокиќ без да го смени камениот израз, предизвикувајќи смеа во салата за прес-конференции.

„Дали нешто ви значи ваква статистика“, се обиде уште еднаш новинарот

„Мислам, секако дека е убаво. Повторувам, тоа не е нешто кон што се стремам, ниту се обидувам да го направам. Тоа едноставно ми се случи. Среќен сум се додека победуваме додека моите соиграчи се среќни“, изјави Србинот.

На претходниот меч го забележа седмиот трипл-дабл во последните девет натпревари, осми во јануари, 16. во сезоната и 92. во кариерата.

Наградата за МВП би била трета по ред за Јокиќ, подвиг што го постигнаа само Бил Расел, Вилт Чембрлен и Лери Бирд.

Трипл-дабл просек на крајот на сезоната постигнаа само двајца кошаркари во историјата – Оскар Робертсон во 1961/1962 година и Расел Вестбрук дури четири пати (2016-2019, 2020/2021).

Робертсон беше прогласен за МВП таа сезона, исто како и Вестбрук во неговата прва сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport na B92.net (@b92_sport)

Можете да прочитате

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај