Утрински Весник
Македонија

Лидија Димова не призна вина, нејзиниот екссоработник смета дека е виновен за злоупотребите во Националната агенција за европски образовни програми

Лидија Димова не дојде на првото судење за злоупотреби, судијката реагира
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ексдиректорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, не чувствува вина за делата злоупотреба на службената положба и овластувањето и измама на штета на европската заедница. Александар Гочев, второобвинет, призна вина за делото измама на штета на европската заедница. Со тоа, судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска ја раздвои постапката за Гочев.

dobivaj vesti na viber

На судењето не присуствуваше Петре Шилегов, адвокат на Гочев. Судијката му посочи дека со оглед на казната која му се заканува за делото, бранител не му е задолжителен.

Обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска даде воведни зборови, со тоа, на обвинетите им го објасни обвинението и делата за кои се гонат. Ова е второ рочиште кое се одржува за овој случај.

Обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска поднесе обвинителен акт против Лидија Димова, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Александар Гочев, тогашен нејзин близок соработник и Ана Павлиду, пензионира благајничка во институцијата. Според обвинителката, сите три лица оштетиле средства на европската заедница. Лидија Димова се гони дека со намера за друг да прибави имотна корист ја злоупотребила положбата и овластување па постапила спротивно на Законот за јавни набавки и Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Таа ангажирала соработници во Агенцијата без да објави оглас, а меѓу нив е и ангажирањето на Зоран Златковски. Истовремено, Димова се гони и за исплаќањето на издатоци за службени патувања. Обвинителката бара одговорност од Димова и за склучени договори без јавни набавки.

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи