Утрински Весник
Магазин

Адел се расплака на концерт поради фотографија што ѝ ја покажа човек од публиката

Адел се расплака на концерт поради фотографија што ѝ ја покажа човек од публиката
300x250 (7)

Адел беше обземена од емоции на последниот концерт во Лас Вегас, откако еден фан во публиката ѝ покажа фотографија од својата покојна сопруга, пренесуваат британски таблоиди.

dobivaj vesti na viber

„Во публиката има човек, го гледате ли како го држи мобилниот во воздух? Мислам дека тоа е неговата сопруга на екранот и мислам дека таа не е тука. Ова силно ме погоди. Не сфатив што ми покажуваш додека не се качив на сцената и многу, многу ми е жал за твојата загуба“, рече Адел, со солзи во очите.

300x250 (7)

Британската поп-дива му ја посвети својата балада Someone like you, пред да почне да ја пее.

На видео од настанот објавено на Тик-ток, Адел вели: „Ова е за вас господине, вие што ми ја покажавте вашата сопруга на телефон“.

Ss1

Можете да прочитате

Во Амстердам паркинг место достигна 495.000 евра

(ВИДЕО) Татко во САД го терал синот (6) со часови да трча на лента, момчето починало

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер