Утрински Весник
Спорт

РК Пролет ги задржа младинските репрезентативци, Димковски, Стојановски и Тотиќ

РК Пролет ги задржа младинските репрезентативци, Димковски, Стојановски и Тотиќ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ракометниот прволигаш Тинекс Пролет постигна договор за продолжување на соработката со тројцата најперспективни ракометари во клубот, кадетските и младински репрезентативци на Македонија, Томислав Димковски, Андреј Стојановски и Михаел Тотиќ.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за ракометари кои имаа значајна улога во триумфот на кадетската репрезентација на ЕХФ шампионатот во Рига, на кој Димковски беше избран и за МВП на првенството. Тие добиваа шанса во првиот тим на Тинекс Пролет во првиот дел од сезоната, а сигурно ќе имаат уште позначајна минутажа во плејофот, каде се дел од плановите на тренерот Лембанов.

Димковски и Стојановски настапуваат на бековската позиција, додека Тотиќ одлично се снаоѓа на позицијата лево крило.

„Тинекс Пролет останува максимално доследен на клупскиот концепт на кој инсистира со години наназад, најдобрите членови на младинската школа да добијат шанси за докажување и во првата екипа. Остануваме проект што ќе создава квалитетни домашни играчи, го потврдуваме тоа и со новите договори на Димковски, Тотиќ и на Стојановски, тројца извонредно перспективни ракометари со кои потпишавме долгогодишни договори и за кои не се сомневаме дека ќе донесат бројни победи на тимот во иднина“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место