Утрински Весник
Свет

(Видео) Лавина погоди ски-центар на Хималаите, при што загинаа двајца туристи од Полска

(Видео) Лавина погоди ски-центар на Хималаите, при што загинаа двајца туристи од Полска
Ss2

Двајца скијачи загинаа, а 19 извесно време беа затрупани под снег откако лавина погоди популарен ски-центар на Хималаите.

dobivaj vesti na viber

Огромна лавина зафати 21 турист и двајца водичи од Кашмир.

Img 5587

Двајца скијачи од Полска загинаа, а спасувачките екипи ги извлекоа останатите туристи.

Туристите скијаа во планините во близина на градот Гулмарг. Почнавме спасувачка акција. Досега најдовме две тела“, соопшти локалната полиција, додавајќи дека спасувачките служби спасиле 19 странски туристи и двајца локални водичи, пренесува „Дневна пошта“.

Планинскиот венец Пирпанџал е популарна скијачка дестинација за Индијците и за странците. Во 2010 година, најмалку 17 индиски војници загинаа таму откако лавина ги погоди членовите на военото училиште за време на вежби.

Лавините и одроните се вообичаени во Кашмир. Во текот на 2017 година, лавина ја затрупа индиската армија во три одделни наврати, при што загинаа најмалку 20 војници, а во 2012 година, голема лавина во Кашмир контролиран од Пакистан уби 140 луѓе, вклучувајќи 129 пакистански војници.

Ss1

Можете да прочитате

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење