Утрински Весник
Економија

Бектеши: Оваа година почнува изградбата на интерконекторот за гас со Грција, работиме на изградба на уште два со Србија и Косово

Бектеши: Оваа година почнува изградбата на интерконекторот за гас со Грција, работиме на изградба на уште два со Србија и Косово

Во втората половина на февруари ќе биде распишан јавниот повик за изградба на интерконекторот за природен гас со Република Грција, а изградбата би требало да заврши до крајот на 2024 година. Во моментот се работи и на нов интерконектор со Република Србија, а за интерконектор со Косово обврските од наша страна се завршени, се очекува одлука од косовската страна за реализација на овој проект, рече министерот за економија, Крешник Бектеши, на панел-дискусијата „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“, на вториот ден од конференцијата „Година на нови можности“

dobivaj vesti na viber

„За косовската страна ги подготвивме како документација сите процедури, ја очекуваме нивната одлука дали да се продолжи градбата во нивниот дел“, рече Бектеши.

Тој посочи дека речиси сите компании во склоп на ТИРЗ-овите се снабдуваат со природен гас. Природниот гас, како што информира, е од Турција и од Грција, односно оти имаме разни извори. Во моментот, како што потенцира министерот, се користи зголемениот капацитет на гасоводот со Бугарија за испорака на гас.

„Да, се користат тие зголемени капацитети од страна на ‘ЕСМ продажба’, која се занимава со увоз и снабдување со природен гас на нивните постројки, но и за другите потрошувачи, како што е индустријата. Најважно од сè е дека природниот гас, кој се увезува, е од ЛНГ-терминалите од Турција и дел во Грција, што значи дека имаме разни извори од тоа што сме имале претходно и не сме зависни само од еден извор, кој претходно беше ‘Газпром’“, рече Бектеши.

Според министерот, гасот во складиштата во Турција и Грција се чува во течна форма пред да биде преземен, а во Македонија доаѓа преку единствената гасоводна врска со Бугарија.

Министерот на панел-дискусијата рече дека Владата има зацртана стратешка определба да ја подобри диверзификацијата во снабдувањето со природен гас.

Според него, во таа насока е и одлуката на Владата за давање согласност за вложувањето во ЛНГ-терминалот Александрополис.

Според него, доколку целосно се оствари националниот план за целосно гасифицирање на државата и нејзиното поврзување со соседите, секако дека постои можност Македонија да постане енергетски хаб и да ги ужива придобивките од извозот на природен гас кон соседните земји.

Можете да прочитате

Поевтинуваат нафтените деривати – 24info.mk

Лебот нема да поскапи следните два месеца

Инфлацијата во април повисока за 0,7 проценти во однос на март