Утрински Весник
Македонија

Претседавачот со ОБСЕ, Османи на работни средби во Брисел со Борел, Џоана и Лајчак

Претседавачот со ОБСЕ, Османи на работни средби во Брисел со Борел, Џоана и Лајчак
Dik 300x250 mk

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Османи престојува во Брисел, при што ќе има работни средби во ЕУ и НАТО со цел разгледување на можностите за продлабочување на соработката меѓу ОБСЕ, ЕУ и НАТО, како и разговори за актуелните надворешно-политички прашања на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Воедно, Османи, ќе се обрати пред Северно Атланскиот Совет на НАТО, каде ќе ја презентира Програмата за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ оваа година.

Во рамки на посетата, Претседавачот со ОБСЕ ќе има и одделни средби со Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, со заменикот на Генералниот Секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, и низа други средби со високи претставници на ЕУ и НАТО.

На средбите во ЕУ главен фокус ќе биде зајакнувањето на соработката на ОБСЕ со ЕУ за време на претседавањето на Северна Македонија, како и претставување на позициите на Северна Македонија за актуелните надворешно-политичките збиднувања. Во НАТО структурите и во разговорите со претставниците на Алијансата покрај презентацијата на Програмата за Претседавањето со ОБСЕ, Османи ќе информира и за досега остварените активности во ОБСЕ со посебен акцент на Украина.

Можете да прочитате

НАИ реагира на одбиените приговори за првиот круг од гласањето во Гостивар

СВР Куманово уапси двајца фудбалери од ФК „Беса“ кои нападнале играчи на ФК „Аеродром“

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески