Утрински Весник
Свет

Бројот на загинати во самоубиствениот напад во Пакистан се искачи на 87

Бројот на загинати во самоубиствениот напад во Пакистан се искачи на 87

Бројот на загинатите во самоубиствениот напад во градот Пешавар, во северозападен Пакистан се искачи на 87, додека најмалку 57 лица се повредени, од кои седум се во критична состојба, изјави денеска портпаролот на болницата.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот облечен во елек полн со експлозиви ја активирал направата во џамијата во понеделникот за време на молитвата, на која присуствувале околу 400 луѓе, јавува Ројтерс.

Пакистанскиот талибански командант Сарбакаф Мохманд ја презеде одговорноста за нападот во објава на Твитер, соопшти агенцијата.

Пешавар е главен град на северозападната погранична провинција Хајбер Пахтунхва и планинските области кон Авганистан, каде што бунтовничките пакистански талибанци се присутни во голем број, поради што е место на чести напади на милитантите, според АП.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел