Рајо Валјекано првпат по речиси 23 години успеа да слави на гости кај Вилјареал, победувајќи со 0:1 во меч во кој македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше на нивото на задачата за да помогне мадридскиот клуб да се искачи на седмото место на табелата.
Во поголемиот дел од мечот, а посебно во првото полувреме, домаќините беа доминантниот тим, но не успеаја да дојдат до гол, поради одличната игра во одбраната, и неколку супер одбрани на Димитриевски, како таа за која се пофали и официјалниот Твитер профил на клубот.
Казната за „жолтата подморница“ дојде во 70. минута кога Серхио Камелјо го постигна победничкиот гол за Рајо, кои сега се на седмото место на табелата со 29 поени, сега само три зад Вилјареал кои се на петтото место на табелата.
🎥 @Dimitrievski1 ⛔️#VillarrealRayo #LaLigaHighlights pic.twitter.com/ZQJq4hiZhO
— Rayo Vallecano (@RayoVallecano) January 30, 2023
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-42409”));