Утрински Весник
Магазин

Опра наполни 69 години

Опра наполни 69 години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повеќе личности од забавната индустрија ѝ испратија најдобри желби на Опра по повод нејзиниот 69. роденден во неделата.

dobivaj vesti na viber

Медиумскиот магнат и една од најпознатите ТВ-лица беше во фокусот на славеничките објави споделени на „Инстаграм“ од страна на десетици блиски пријателки од т.н. А-листа, вклучувајќи ги Вајола Дејвис, Кери Вашингтон, Гејл Кинг, Ким Кардашијан…

И самата славеничка, исто така, сподели долга порака на „Опра дејли“ за да каже како се чувствува дека е една година поблиску до седумдесеттата.

Опра и Гејл – фотографија споделена на профилот на нејзината најдобра пријателка Гејл Кинг, на која двете се со испружени раце, прегрнати.

Кери Вашингтон сподели селфи со Опра.

Во емотивна роденденска порака, Виола Дејвис ја опиша својата блиска пријателка како национално богатство и икона.

Алесандра Амброзио сподели фотографија со „роденденската кралица“ и Хајди Клум и Софија Вергара.

Ким Кардашијан сподели фотографија за својата пријателка, на која ѝ подарува украсена роденденска торта.

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима