Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска ги демантира тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин „му се заканувал со ракетен напад“ и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.
„Не, тоа што го кажа г. Џонсон не е точно, туку е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека тоа е или свесна лага, тогаш прашањето е со која цел избрал таква верзија на изјавата, или е несвесна, бидејќи тој всушност не разбрал што му кажал претседателот Путин“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.
Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува „РИА новости“.