Утрински Весник
Економија

МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 30.01.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

dobivaj vesti na viber

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.01.2023 година (понеделник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.01.2023 година (вторник);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.02.2023 година (среда) и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.02.2022 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 30 јануари (понеделник).

Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Можете да прочитате

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ