Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пандов најави целодневна стража на гробот на Гоце Делчев за роденденот на револуционерот

(Видео) Пандов најави целодневна стража на гробот на Гоце Делчев за роденденот на револуционерот

Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“ соопшти дека ова партиско тело на 4 февруари, кога се одбележува роденденот на револуционерот, ќе оддаде целодневна херојска стража на неговиот гроб.

dobivaj vesti na viber

Неговата изјава следи по состанокот на Централниот Комитет на Патриотскиот институт при што беа донесени повеќе заклучоци.

„Ќе организираме херојска стража и ќе имаме целодневно присуство на гробот на Гоце Делчев, затоа што Гоце е Македонија. И ги повикуваме сите граѓани почитувачи на делото на Делчев да изразиме заедничка мирна и достоинствена почит кон великанот“, рече Пандов.

ЦК на Патриотскиот Институт ги осудува шовинизмот и негаторските политики кои доаѓаат од Бугарија и се дополнително распламтувани од поединци од бугарската политика.

Упатија отворен повик до владата за поенергично реагирање во однос на негаторската политика и преземање на адекватни мерки кои ќе обезбедат почитување на нашиот идентитет и посебност. Порачаа дека секоја негација кон постоењето на македонскиот народ и неговите обележја треба да бидат проследени со протесна нота и реакција на македонските институции.

Наместо констатации, анализи и седење со скрстени раце на државниот врв кој кажа дека провокациите се дело на агентурни мрежи, да се преземат чекори на власта кои ќе значат спречување на туѓи пропаганди и агенди, е еден од заклучоците на ова партиско тело.

Можете да прочитате

Таравари: Албанците никогаш не биле во полоша состојба отколку под водство на оваа влада

Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите