Утрински Весник
Свет

Шпанија испраќа тенкови „Леопард 2“ во Украина

Резников: Украинските војници ќе тренираат на тенкови „Леопард 2“

Шпанија потврди дека до пролет ќе испрати одреден број борбени тенкови „Леопард 2“ во Украина, изјави синоќа шпанската министерка за одбрана, Маргарита Роблес.

dobivaj vesti na viber

Таа ја потврди веста веднаш откако Германија соопшти дека ќе донира голем број тенкови и ќе им дозволи на сојузниците на Украина да го сторат истото.

Тенковите „Леопард 2“ ќе бидат стационирани во воената база во Сарагоса, а во наредните месеци ќе бидат испратени во Украина. Точниот број на тенкови не е потврден.

Можете да прочитате

Се урна француски воен авион, eден член на екипажот загина, друг е исчезнат

Двајца убиени во напад на облакодер во Киев

Еболата се шири во Африка, инфекцијата е потврдена и во Нигерија.