Утрински Весник
Спорт

Ајакс го сака Златко Далиќ на клупата

Ајакс го сака Златко Далиќ на клупата

Хрватскиот селектор Златко Далиќ добил понуда да го преземе холандскиот фудбалски гигант, тврди холандскиот „Де Телеграф“, додавајќи дека тој станал прва мета откако тројца други тренери ги одбиле „копјаниците“.

dobivaj vesti na viber

Алфред Шредер доби отказ по 1:1 ремито со Волендам, што беше петти меч едноподруго без победа на актуелниот холандски шампион, и привремено на негово место беше поставен Џон Хеитинга, досегашниот тренер на Б-тимот.

Далиќ е селектор на „коцкестите“ од 2017, правејќи ги најголемите успеси во нивната историја – финалето на СП во 2018 и бронзата од СП во Катар во декември. Хрватска исто така е во полуфиналето на Лигата на нации откако беа први во група со Данска, Франција и Австрија. Според правилата на хрватскат репрезентација, селекторот не смее да има двојна позиција како клупски тренер.

Можете да прочитате

Кениса Бекеле учествува на Олимпијадата во Париз

Реал одби 45 милиони евра за Гулер

Ван Перси го презеде Херенвен