Утрински Весник
Македонија

Тупанчески на средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Тупанчески на средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

На средбата се разговараше за актуелните случувања во државата, текот на евроинтегративните процеси и реформите во правосудниот систем.

dobivaj vesti na viber

Амбасадорот Вал беше запознаен со активностите што во изминатиот период ги презеде Министерството за правда, законодавната агенда, како и идните планови, кои ќе треба да се реализираат со цел да се овозможи владеење на правото.

Министерот за правда, Никола Тупанчески, го информира амбасадорот Вал за подготовката на новиот Кривичен законик и за стручните расправи, кои ќе се реализираат во текот на февруари.

Се дискутира и за процесот на дигитализација во судството, како и за идејата за носење нов изборен законик.

Министерот за правда, Никола Тупанчески, му посака на амбасадорот Килијан Вал успешно извршување на функцијата и продлабочување на меѓусебната соработка.

Можете да прочитате

Уапсен 19-годишникот кој удри пешак во Скопје и избега – „фиат пунтото“ одземено

Онколошките пациенти повторно предупредија: Недостигот на терапија не смее да стане правило

Полицијата санкционира 222 моторџии за само шест часа, 14 приведени поради безобѕирно возење