Утрински Весник
Македонија

„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлејнс“ доставија понуди на тендерот за субвенции за нови летови

Дојава за бомба на скопскиот аеродром, откажани се сите летови
Ss2

Доставени се три барања за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Визер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ ја доставија документацијата на повикот што траеше од 20 декември 2022 година до вчера.

Ss1

Комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши евалуација на доставените понуди.

„Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните.

Ss1

Можете да прочитате

Сончево со услови за локални врнежи

В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување

Одбележување на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје