Утрински Весник
Свет

Се огласи Срѓан Ѓоковиќ: Ќе гледам од дома

Се огласи Срѓан Ѓоковиќ: Ќе гледам од дома
Dik 300x250 mk

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак, зборуваше за случувањата на Австралија Опен.

dobivaj vesti na viber

По средбата на српскиот тенисер и Андреј Рубљов, тој беше фотографиран во друштво на навивачи, кои имаа руски симболи, додека еден од присутните беше облечен во маица со симболот „З“.

Срѓан излезе со соопштение и најави дека вечерашниот натпревар нема да го следи од трибините.

„Тука сум само за да го поддржам мојот син. Немав намера да предизвикувам такви наслови и немири“, најави Срѓан Ѓоковиќ.

„Бев надвор со навивачите на Новак како и после секој натпревар кога ги славам неговите победи и се фотографирав со нив. Не ми беше намерата да се вклучам во сето ова. Моето семејство помина низ ужасот на војната и сите ние само сакаме мир. Ќе го гледам натпреварот од дома“, додаде тој.

Срѓан Ѓоковиќ на крајот изјави дека се надева на одличен натпревар и дека како и секогаш ќе го бодри својот син.

Новак ќе игра со Томи Пол во петок од 09:30 часот.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија