Утрински Весник
Спорт

Ништо од првата титула на Роналдо во Саудиска Арабија – пораз и извици „Меси, Меси“

Ништо од првата титула на Роналдо во Саудиска Арабија – пораз и извици „Меси, Меси“

Кристијано Роналдо и неговите Ал-Наср немаа најдобра вечер, откако Португалецот не успеа да помогне неговит тим да се пласира во финалето на Саудискиот Суперкуп по 3:1 поразот од Ал-Итихад, под водство на неговиот португалски сонародник, Нуно Еспирито Санто.

dobivaj vesti na viber

Покрај тоа, Роналдо доживеа да биде пречекан со извиците „Меси, Меси“ од илјадниците навивачи на Ал-Итихад, кои сега ќе играат со Ал-Феиха за титулата, и уште го чека својот прв официјален гол за Ал-Наср, откако даде гол на егзибицијата против Пари Сен-Жермен како дел од комбинираниот саудиски тим.

Бразилецот Ромарињо ги донесе Ал-Итихад во водство веќе во 15. минута со убав гол, за Мароканецот Абдеразак Хамдала да го удвои водство во 43. минута. Талиска им даде надеш на Ал-Наср за камбек во 67. минута, но на крајот клубот од Ријад не успеа да дојде до уште еден гол и на крајот беа казнети во 92. минута со голот на Мухамед Шанкити.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026