Гостиварец, додека издржувал мерка куќен притвор, бил фатен со марихуана.
Претресот бил извршен на 18 јануари во куќа во која осомничениот издржувал мерка куќен притвор за друг кривично-правен настан. Притоа полициските службеници, најпрвин со личен преглед на осомничениот, пронашле 9,59 грама марихуана, а потоа во помошна просторија во куќата откриле уште 164 кесички со вкупно 333,39 грама марихуана и дигитална вага со траги од дрога.
Од тие причини постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори во согласност со член 215 став 1 од Кривичниот законик, па јавниот обвинител поведе истрага против осомниченото лице.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.