Утрински Весник
Спорт

Роналдо доби часовник вреден 800.000 евра

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Кристијано Роналдо не успеа да ја продолжи кариерата во Европа, на почетокот на годината се пресели во Саудиска Арабија каде потпиша договор со Ал Наср. Оваа година на неговата сметка ќе „легнат“ околу 200 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Покрај договорот кој ќе го зголеми неговото огромно богатство, португалската ѕвезда доби и посебен подарок за потпишувањето на договорот со клубот. Производителот на луксузни часовници „Jacob & Co.“, изработи рачен часовник кој е тесно поврзан со трансферот на Роналдо во Ал Наср. Часовникот го носи името „Caviar Flying Tourbillon Tsavorite“.

Специјално направен за Роналдо од бело злато, серија скапоцени и полускапоцени камења и со нараквица од кожа од алигатор. Часовникот нема да биде пуштен во продажба, но се проценува дека на пазарот би достигнал цена од околу 800.000 евра.

Зелената боја оддава почит на бојата која доминира на знамето на Саудиска Арабија.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари