Утрински Весник
Свет

Згасна најстарата организација за човекови права во Русија

Згасна најстарата организација за човекови права во Русија
Dik 300x250 mk

Најстарата организација за човекови права во Русија, московската хелсиншка група, денеска е затворена откако Судот пресуди дека не била соодветно регистрирана.

dobivaj vesti na viber

Групата, основана во 1976 година од советски дисиденти, објавуваше годишни извештаи за човековите права во Русија и беше една од ретките преостанати независни организации за човекови права во земјата, по затворањето на организацијата „Меморијал“ што во 2021 година беше лауреат на Нобелова награда.

Руското Министерство за правда минатиот месец поднесе тужба против Московската Хелсиншка група, тврдејќи дека е регистрирана само за заштита на човековите права во Москва, а не и во останатите делови на земјата, што групата го отфрли како бесмислено.

Копретседателот на групата, Валериј Боршов, денеска пред Судот и претставниците на Министерството изјави дека затворањето на групата ќе стави крај на повеќедецениска работа на нејзините активисти.

„Правите голем грев. Уништувате движење за човекови права, го уништувате“, рече тој.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил